“Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

“Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

Опис на проектот:
Главна цел на проектот е развој, промоција и промоција на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобрување на руралното и еколошкото искуство. Целта ќе се постигне преку креирање на стратешки алатки кои ќе овозможат подобро разбирање на барањата на посетителите, истовремено служејќи како механизми за зајакната меѓурегионална соработка помеѓу различни аспекти на индустријата, владините институции, бизнис секторот и граѓанските организации што ќе резултира со зголемување на туристичкиот потенцијал, прилагоден на потребите на целните групи. Додатно, проектот има за цел создавање на поволно опкружување за стратешки дофат и бенефит не само од националните и регионалните пазари, туку и од новите меѓународни пазари во туристичката индустрија.

Специфични цели:
   –   Воспоставување на мрежни паметни туристички информативни центри (STIC), со капацитет за собирање, користење и создавање на знаења за потенцијалите на туризмот во Шарскиот регион.
   –   Подобрено разбирање и промоција на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, со употреба на современи е-системи и меѓусебна соработка.

Taргет групи се општините, владините агенции надлежни за регионален развој, туризам и култура; граѓанските организации; малите и средни претпријатија; кластери за туризам; стопанската комора и туристички информативни центри.

Активности:
   –   Воспоставување на мрежни паметни туристички информативни центри (STIC) со примероци на бизнис процеси;
   –   Дизајнирање на стандардизирани деловни процеси и програми за обука, со цел подигање на туристичките услуги
   –   Дигитално мапирање на инфраструктура и настани поврзани со руралниот туризам во прекуграничниот регион на Шара: патеки и останато означување, културно наследство, сместување, ресторани, други значајни туристички локалитети, фестивали, традиционални настани;
   –   Креирање на прекугранични промотивни материјали;
   –   Заеднички прекугранични настани за споделување и промоција на резултатите од проектните активности

Очекувани резултати:
   –   Мрежни паметни туристички информативни центри; водење на заедничка платформа базирана на стандардизирани деловни процеси и на постојните концепти за туристички информациони системи;
   –   Дизајнирани деловни процеси за ефективно и ефикасно опслужување на туристите преку STICs, како и собирање податоци за нивното однесување и преференции. Обучен персонал од двете страни на регионот за работа на STICs;
   –   Креирана дигитална матрица на одбележана туристичка инфраструктура и настани во Шара, вклучувајќи означени/необележани пешачки патеки, сигнализација, сместување, ресторани, други значајни туристички локалитети и настани. Дигиталната матрица ќе биде користена на iTOP за да се создадат туристички производи за прекуграничниот регион;
   –   Креирање материјали и содржина за промоција на прекуграничниот туризам во Шарскиот регион.
   •   Обучен пресонал од туристички информативни центри, општински, регионални агенции и персонал од граѓанскиот сектор за прибирање податоци за туристичките преференции, како и продукти креирани од матрицата.

Партнери во проектот се:
   –   Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
   –   Општина Тетово
   –   Regional Development Agency South, Косово

Времетраење на проектот:
15 мај 2018 – 14 мај 2020

Донатор:
Европска Унија