Изведена обука за мониторинг, лобирање и учество во процесите поврзани со спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор преку засилување на капацитетите на македонските граѓански организации за животна средина

Изведена обука за мониторинг, лобирање и учество во процесите поврзани со спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор преку засилување на капацитетите на македонските граѓански организации за животна средина

На 02-03.07.2020 преку платформата ZOOM ЦеПроСАРД изведе онлајн обука за мониторинг, лобирање и учество во процесите поврзани со спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор. На обуката присуствуваа претставници на здруженија на граѓани, НВО-а, различни институции од државата и од локалната самоуправа.

Обуката се изведе во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“, на темите:
– Вклучување на засегнатите страни во подготовката на националните планови за енергетика и клима
– Искуства за подготвување долгорочни и интегрирани локални акциони планови за одржлив развој на енергетиката и климатските промени (SECAP) иницирани од движењето на европски градоначалници
– Планирачки документи за користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на национално и локално ниво
– Можни механизми за вклучување на граѓаните во процесот на среднорочно планирање на развој на енергетска ефикасност, на локално ниво

Во текот на обуката учесниците дадоа голем придонес развивајќи дискусија по темите.

На крајот на обуката, на учесниците им беше предложена Заедничка иницијатива за соработката и партнерството на граѓанските организации со националните и локалните власти во областа на животната средина и климатските промени.

За повеќе информации следете не` редовно на Facebook https://www.facebook.com/CeProSARD/ и на нашата веб страна http://www.ceprosard.org.mk.

Проектот го спроведува ЦеПроСАРД со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services)

СИТЕ НОВОСТИ