ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник на обука за фотонапонски централи и соларни уреди во организација на Институт за развој на заедницата

ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник на обука за фотонапонски централи и соларни уреди во организација на Институт за развој на заедницата

На 19.02.2024 година во просториите на Граѓански Ресурсен Центар наш претставник присуствуваше на обуки, во организација на Здружение ИРЗ, во соработка со Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) за реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски заедници во Македонија.

На обуката беа презентирани содржини со фокус на инсталација и одржување на фотонапонски централи и користење на уреди кои што користат сончева енергија.
Во вториот дел беше презентирана Мрежата на енергетски заедници на Македонија, како и запознавање со демократизацијата на енергетскиот сектор и учество во процесот на донесување одлуки со примери од други држави.

СИТЕ НОВОСТИ