ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник на настан организиран од „Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ“

ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник на настан организиран од „Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ“

На ден 15.02.2024 година во просторите на хотел Мериот наш претставник присуствуваше на настан од проектот „Потрошувачите го предводат одговорот за развојот на енергетската амбиција на ЕУ- CLEAR-X“ во организација на „Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ“ поделен во два дела, од кои во првиот дел од средбата беа презентирани достигнувањата во рамки на проектот, а во вториот дел од средбата се организира панел дискусија на следниве теми:

Унапредување на законската регулатива од областа на енергетиката и енергетската ефикасност,
Соодветни субвенции и олеснувања при вложување во енергетска ефикасност за што презентираше претставник од Министерство за економија – Сектор за енергетика, Марија Шишковска

Климатските промени и инвестирање во обновливи извори на енергеја (ОИЕ), поволности и пречки, дефинирани од страна на Граѓанските организации за што презентираа Елена Николовска – ЕКО СВЕСТ и
Сања Поповска Василевска – ОПМ

Енергетската сиромаштија, детектирани проблеми од страна на Граѓанските организации за што презентираа Билјана Дуковска – Македонска Платформа за сиромаштија, и Александар Авросиевски – ЦеПроСАРД

СИТЕ НОВОСТИ