Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” е воспоставено по иницијатива на група граѓани – експерти од областа на земјоделството, руралниот развој, економијата и заштитата на животната средина и културното наследство на основа на споствените сознанија и искуство и согледаната неопходна потреба за интензивно дејствување на полето на воведување на одржливите практики во областа на земјоделството и руралниот развој. Здружението е воспоставено со одржување на состанок на основачите во јуни, 2007 година кога е донесена одлука за името, скратениот латиничен назив и симболот на Здружението.
Здружението на граѓани “ЦеПроСАРД” се стреми кон постигнување на следните цели:
Рурални области развиени на одржлив начин со целосна грижа за животната средина, ефикасно користење на обновливите енергии, енергетска ефикасност како и заштита на културното наследство што ќе придонесе кон креирање на подобра социјална средина за идните генерации.
Нашата мисија е воведување и промоција на одржлив рурален развој. Преку истражување и примена на најдобрите практики ние тежнееме кон обезбедување на подобри услови за живеење, како во руралните така и во урбаните области.
Здружението работи и понатаму ќе се развива како невладина организација во правец на проширување на своето дејствување на целата територија на Република Македонија, притоа воспоставувајќи поблиска соработка со други невладини организации се до конечно формирање на мрежа на организации и промотивни станици во корист на примената на одржливите практики во земјоделстовото и во руралниот развој. Здружението ќе воспостави блиска соработка со локалната самоуправа и со централните институции, лобирајки за промоција и за остварување на својата мисија.