24 Авг Оглас за вработување на координатор на услуги во 3 станбени единици за живеење со поддршка во општина Демир Капија – договор на услуга
Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска има потреба од еден (1) координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во општина Демир Капија, во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР.
ЦеПроСАРД за потребите на проектот вработува еден (1) координатор на услуги кој ќе работи полно работно време одговорен за три (3) мали станбени единици формирани на територија на о. Демир Капија за живеење со поддршка во заедницата, каде секоја единица има по 5 лица корисници на услугата со интелектуална попреченост.
Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период септември 2021 година – декември 2022 година.
По завршувањето на проектот, Здружението ЦеПроСАРД ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.
Аплицирање
Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 31.08.2022 на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Координатор – Демир Капија
Апликантите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 01.09.2022.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.
За какви било прашања или појаснувања, слободно контактирате нe на info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации Ве молиме прочитајте го следниот документ: