Oбука на учениците на СГГУ на Град Скопје „Здравко Цветковски”- Скопје преку платформата за онлајн следење на тема „Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата”

Oбука на учениците на СГГУ на Град Скопје „Здравко Цветковски”- Скопје преку платформата за онлајн следење на тема „Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата”

Втората обука преку платформата за онлајн следење тема „Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата” во организација на ЗГ ЦеПроСАРД, се одржа на 16.04.2020година.

Оваа обука беше одржана за учениците од четврта година -профил архитектонски техничари и градежни техничари, во СГГУ на Град Скопје “Здравко Цветковски”- Скопје. Учесниците преку обуката се информираа за потребата од подобрување на енергетската ефикасност во домовите со цел да се намали потрошувачката на енергијата. Преку намалувањето на енергијата за затоплување на домовите делуваме кон намалување на аерозагадувањето – им беше укажано на учениците на обуката. На учесниците им беше претставена можноста за заштедата на енергијата со користење на енергетски ефикасни светилки и утврдување на термичките топлински мостови со употреба на термална камера.

Ова е втора онлајн обука во средните училишта во Град Скопје која се спроведува во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух”.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

СИТЕ НОВОСТИ