Оглас за вработување на 5 асистенти за живеење со поддршка во заедницата за станбена единица во o. Демир Капија

Оглас за вработување на 5 асистенти за живеење со поддршка во заедницата за станбена единица во o. Демир Капија

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба пет (5) асистенти за живеење со поддршка во заедницата за мал групен дом кои ќе работат 40 часа неделно (полно работно време) во еден мал групен дом во о. Демир Капија почнувајки од септември 2022 година, во кој живеат 5 лица со интелектуална попреченост, корисници на услугата живеење со поддршка во заедницата.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период септември 2022 година – декември 2022 година.
По завршувањето на договорниот период за финансирање од страна на проектот, Здружението ЦеПроСАРД и провајдерот на услуги ЈУ СЗ Демир Капија ќе извршат проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 15/09/2022 (четврток) на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Неговател – општина Демир Капија

Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 16.09.2022. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации преземете го документот: Асистент за живеење со поддршка – о. Демир Капија

СИТЕ НОВОСТИ