Работилница во Сараево

Работилница во Сараево

Задоволство ни е што имавме можност да организираме работилница со СЗГ Босна и Херцеговина на 10 декември, каде што г-дин Деан Смолар, извршен директор на Совет за зелена градва Хрватска, го сподели своето знаење и искуство со експерти кои работат на развој на документи кои ќе ја унапредат СЗГ БиХ на ново ниво.

Сите присутни дадоа свој придонес, активно учествувајќи во дискусијата, сe со цел да се промовира одржливото градење, циркуларната економија, заштитата на животната средина и природните ресурси. Покрај претставници на СЗГ, на работилницата присуствуваа соработници и пријатели на СЗГ: деловни експерти, универзитетски професори, инженери, правници и економисти.
Целта на работилницата беше да се постават стратешки и оперативни цели за СЗГ БиХ, која со својот раст треба да стане лидер во зелената градба во наредните години.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од Helvetas Swiss Interoperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други во Источното партнерство и регионите на Западен Балкан.

СИТЕ НОВОСТИ