Потпишан партнерски договор

Потпишан партнерски договор

Со зголемена возбуда, објавуваме дека на 29 октомври 2024 година е потпишан партнерски договор помеѓу раководителот на проектот, Ристо Иванов и нашата албанска колешка Оријана Ханџари, која го претставува проектот „Енергетски ефикасна изградба и реновирање на Западен Балкан“ во рамките на програма RECONOMY, и Енио Јако кој го претставува CBS – Creative Business Solutions во Тирана.
Целта на договорот е да придонесе за спроведување на програмата RECONOMY, која има за цел да обезбеди одржлив, инклузивен и зелен економски раст; генерира дополнителни приходи и можности за вработување за младите, жените и најзагрозените групи.
Партнерскиот ангажман е стратешки процес кој се фокусира на заеднички напор на Програмата RECONOMY и CBS Lores + за поголем опфат, одржливост и ефективност на развојните резултати. Тоа е средство за постигнување цел, што го користи преку повисок степен на мотивација и мобилизирање на експертиза, иновации и ресурси од сите вклучени страни.
Програмата и CBS Lores + се надополнуваат една со друга, создавајќи важни синергии. Поточно, партнерството се обидува да придонесе за целта на RECONOMY, како и за бизнисот/активноста на CBS Lores +, што на крајот ќе доведе до зголемување на услугите на платформата Lores + A2F (пристап до финансии) во Албанија, Косово и Србија, како и за унапредување на родовата разновидност во градежниот сектор, особено во енергетско ефикасното градење и реновирање, иницијативата се фокусира на промовирање финансиски производи достапни за жените, младите и обесправени групи.
Општата цел е да се прошири A2F платформата регионално со услуги за малите и средни претпријатија за пристап до финансии за енергетско ефикасно градење и реновирање и да се подобри пристапот до информации за достапните финансиски производи и услугите за финансиска писменост до бизнисите, жените, младите и загрозените групи за да го разберат основниот зелен концепт.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со CeProSARD и други во Источното партнерство и регионите на Западен Балкан.

СИТЕ НОВОСТИ