12 Сеп ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на работилницата за заштитата на животната средина и одржливиот развој на областа на езерото Преспа организирана од EEAS на 12.09.2019 која се одржа во Општина Ресен
Целта на работилницата, одржана на 12.09.2019 беше да се процени севкупната важност и кохерентност на програмата за Република Северна Македонија што се подготвува врз основа на информациите споделени за време на претходните работилници како и од добиените концепти.
За таа цел, беше извршено синтетизирање на логиката на интервенцијата (т.е. очекувано влијание, исход и резултати) на програмата во „логичка рамка“ за кое беше дискутирано со сите заинтересирани страни за време на работилницата. Ова ќе помогне да се даде приоритет и изврши селекција на најрелевантните можни методологии и активности на новата програма за Република Северна Македонија.
Меѓу поканетите засегнати субјекти од Република Албанија, Република Грција и Република Северна Македонија кои се посветени на заштитата на животната средина и одржливиот развој на областа на езерото Преспа, беше присутен и претставник од ЗГ ЦеПроСАРД.