Презентирани стратешки документи изработени од консултантска организација Зелена Енергетска Задруга, Хрватска во рамки на проектот Зелена Енергија

Презентирани стратешки документи изработени од консултантска организација Зелена Енергетска Задруга, Хрватска во рамки на проектот Зелена Енергија

Ангажираните консултанти од Зелена Енергетска Задруга, Хрватска минатата недела (12.06.2024) ги презентираа изработените стратешки документи во рамки на активноста на проектот Анализа со препораки до општините за формирање енергетски задруги базирани на ОИЕ и нивната улога во развој на социјално претприемништво пред претставниците од Општина Медвеџа и проектниот тим.

Преку дел од активностите во проектот целиме да воспоставиме позитвен пилот пример за рационално и етичко искористување на ресурсите на планетата, особено на енергијата од сонцето, како пример кој има најмал имаат импакт врз животната средина и кој најмалку допринесува за емисии на јаглероден диоксид и климатските промени. Во таа насока, воведувањето на задругите, е еден од најуспешните начини на децентрализација на енергетиката и демократизација на енергетскиот сектор.

Во периодот од јануари до април оваа година, работевме на анлаза на значајни стратешки документи од двете земји и дистрибуција на таргетиран прашалник до релевантни тела во двете држави.

На состанокот, беа презентирани три стратешки документи – Анализа на сегашната состојба и рамка на политики за основање енергетски задруги во прекуграничниот регион, потребите на пазарот на труд и енергија во регионот; Препораки за општините за вклучување на енергетски задруги и Анализа на Анкета со прашалник чија намена ќе се најде во креирање на идни документи – стратегии и акциони планови на Општина Медвеџа во секторот.

Проектот Зелена Енергија е кофинансиран од Европската Унија во рамки на финансискиот инструмент за претпристапна помош (ИПА II) преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија (2016-2020) и се имплементира во соработка со општина Медвеџа, ЦеПроСАРД и општина Бутел.

СИТЕ НОВОСТИ