14 Ное Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион
Опис на проектот:
Општа цел на проектот е да се зајакнат добрососедските односи и соработката во секторот на зелена енергија за развој на социјално претприемништво преку основање на енергетски задруги во прекуграничниот регион.
Специфична цел на проектот е подигнување на капацитетите и знаењето, како и создавање на нови можности за вработување преку основање на енергетски задруги во прекуграничниот регион.
Специфичната цел ќе се постигне преку спроведување на одржливи пристапи за зголемување на капацитетите и знаењето на соодветната целна група и крајни корисници преку обуки по мерка, работилници и споделување на искуства и најдобри практики од европските земји, како и примена на иновативни пристапи за основање на нови енергетски задруги во прекуграничниот регион и создавање на нови работни места за млади и долготрајно невработени лица.
Целните групи и крајни корисници се органите за локална самоуправа, национални и регионални претпријатија, граѓанскиот сектор, корисниците на општинските згради (училишта) и локалното население.
Проектни активности:
AC1 – Преглед на меѓусекторските капацитети и интересите за соработка во формирање на енергетски задруги и развој на социјално претприемништво
A1.1. Организирање на Информативен настан за промоција на социјалното претприемништво преку формирање на енергетски задруги;
А1.2. Тркалезна маса за мапирање на актери, нивната стручност, капацитети и размена на искуства и идентификување на степенот на интерес за соработка за формирање на енергетски задруги;
А1.3. „Анализа на пазарот“ – преглед на моменталната состојба и потребите за соработка и производство на енергија од обновливи извори (енергија базирана на ОИЕ) во прекуграничниот регион;
А1.4. Анализа со препораки до општините за формирање енергетски задруги базирани на ОИЕ и нивната улога во развој на социјално претприемништво
AC2 – Креирање нов модел на соработка (енергетска задруга) за развој на социјално претприемништво преку поставување на пилот проект за производство на енергија базирана на ОИЕ и ЕЕ
А2.1. Подготовка на општински планови за инвестиции во обновливи извори на енергија и мерки за подобрување на енергетската ефикасност за општина Бутел и општина Медвеџа;
А2.2. Енергетски контроли на таргетирани јавни објекти во општина Бутел и општина Медвеџа;
А2.3. Формирање нови енергетски задруги и процедури за испорака на енергија базирана на ОИЕ во прекуграничниот регион;
А2.4. Вработување на невработени лица и лица од неактивно работоспособно население во енергетските задруги;
А2.5. Поставување на пилот-проект за мали инвестиции во опрема за производство на енергија базирана на ОИЕ и реконструкција на јавни објекти со мерки за подобрување на енергетската ефикасност како показни единици во прекуграничниот регион
AC3 – Споделување на искуство од ЕУ – Зголемување на знаењето и капацитетите на граѓанските организации, бизнис секторот и локалните власти преку трансфер на знаење и најдобри практики од ЕУ
А3.1. Обука по мерка за потенцијалните членови и вработени во енергетските задруги на тема „Како да се започне: Градење иницијативи и улогата на енергетските задруги во прекуграничниот регион“
– опис: Национални и европски закони, стратегии, политики, рамки и вмрежување во полето на енергетски задруги
А3.2. Организирање работилница на тема „Зголемување на иницијативи за вработување преку дополнително производство на енергија базирана на ОИЕ – Развој на социјално претприемништво преку енергетски задруги“
А3.3. Посета на саем за пренесување на искуства и најдобрите практики на ЕУ за одржливост на енергетските задруги, зголемување на иницијативите за вработување и репликација на моделот на енергетски задруги во прекуграничниот регион
AC4 – Промотивни активности за подигнување на јавната свест за социјално претприемништво преку енергетски задруги
А4.1. Развој на промотивни материјали;
А4.2. Креирање на заедничка веб-страница за двете енергетски задруги во прекуграничниот регион;
А4.3. Спроведување на кампања на социјални медиуми за промоција на социјално претприемништво преку енергетски задруги;
А4.4. Организирање на Финален настан со презентација на резултатите од проектот и промоција на традиционалната гастрономија од регионот;
А4.5. Изработка на План за комуникација и видливост
Очекувани резултати:
Р1: Идентификувани меѓусекторски капацитети и интерес за соработка во формирање на енергетски задруги и развој на социјално претприемништво, со добиени препораки;
Р2: Креирани нови модели на соработка (енергетски задруги) и нови вработувања;
Р3: Зголемено знаење и капацитети на граѓанските организации, бизнис секторот и локалните власти и пренесено знаење, искуство и најдобри практики на ЕУ;
Р4: Подигната јавна свест за развој на социјално претприемништво преку креирање на нов модел на соработка – енергетски задруги
Проектни партнери:
– Општина Медвеѓа, Република Србија
– Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – ЦеПроСАРД
– Општина Бутел, Република Северна Македонија
Времетраење на проектот:
16 јуни 2023 –15 октомври 2024 година
Донатор:
Проектот е финансиран од Европската Унија.