08 Окт Учесници од ЦеПроСАРД на Форумот за праведна транзиција на Енергетската заедница во Скопје
Секретаријатот на Енергетската заедница го организираше Форумот за праведна транзиција на Енергетската заедница на 4-ти октомври во Скопје. Овој важен собир насочен кон решавање на клучните мерки за одржлива и правична енергетска транзиција привлече околу 200 учесниции поттикна значајни дискусии, можности за вмрежување и размена на знаења меѓу засегнатите страни од различни сектори.
Настанот претставуваже одлична можнст да се навлезе во критичните теми од суштинско значење за обезбедување правична енергетска транзиција, вклучително и планирање на политиките, социо-економски предизвици во заедниците зависни од јаглен, механизми за финансиска поддршка и позитивните влијанија врз квалитетот на воздухот и социјалната еднаквост што произлегуваат од правичната транзиција.
Клучните поенти од настанот вклучуваат:
– Интеграција на праведната транзиција во стратешките документи
– Внимателно планирање за регионите зависни од јаглен
– Национални обврски за меѓународна поддршка
– Итност за итна акција.
https://www.energy-community.org/news/Energy-Community-News/2023/10/04.html