Успешно завршена приказна за поддршка на Социјалните Претпријатија и поддршката за вработување на лицата од ранливи категории

Успешно завршена приказна за поддршка на Социјалните Претпријатија и поддршката за вработување на лицата од ранливи категории

Во Центарот за социјални претпријатија во Скопје го одржавме завршниот настан на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе“.
На завршниот настан направивме приказ на постигнатите проектни резултати и значајноста на социјалните претпријатија во земјата. Проектот работеше на подобрување на социјалното претприемништво и унапредување на социјалните претпријатија во земјата преку поддршка и вработување на ранливите групи граѓани.

Почесни говорници на настанот беа Г-дин Миха Пецељ, претставник од Европската Делегација, г-ѓа Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД, г-ѓа Ратка Пемова, експерт за комуникација на проектот „Поддршка за развој на социјални претпријатија“ и претставници од 6-те регрантирани организации.

Во текот на времетраењето на проектот, проектот овозможи ре-грантирање на 6 организации кои дејствуваат на различно поле, притоа овозможувајќи им јакнење на нивните организациски капацитети преку 7 месечни обуки по мерка согласно нивните потреби и областа во кои делуваат, како и зголемување на нивните капацитети преку вработување на луѓе од ранливите категории.

Проектот даде финансиска поддршка и вработи вкупно 12 лица од ранливите групи граѓани, со што придонесе кон нивна социјална и професионална реинтеграција во општеството.

На настанот беше адресирана потребата за продолжување на процесот за подобрување на условите за работа и капацитетот на социјалните претпријатија во земјата и поддршката за развојот на потенцијалните и постојните социјални претпријатија за значително зголемување на нивниот оперативен капацитет, одржливост и пристап до пазарите, истовремено поддржувајќи го зголемувањето на вработувањето на ранливите групи граѓани.

Изразуваме голема благодарност до ре-грантираните организации, како и сите чинители во процесот за взаемната посветеност кон подобрување на социјалните претпријатија.

Проектот е финанисиран од Европската Унија.

#социјалнопретприемништво #проектПОСОП #ProjectPOSOP #ЕУсоТЕБЕ

СИТЕ НОВОСТИ