20 Фев Вработување на лице од социјално ранлива категорија
На 20.02.2023 во просториите на ЦеПроСАРД, а во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” беше потпишан договор за ново вработување на лице од социјално ранлива категорија.
Проектот придонесува за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на 6 социјални претпријатија, а истовремено поддржува нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени).
Целна група и крајни корисници на проектот се социјални претпријатија/граѓански организации кои се ангажирани во оваа област, социјално ранливи лица (лица со посебни потреби, жени во ризик, долгорочно невработени млади …) и нивните семејства, локални бизниси, општини и национални владини институции.
Период на имплементација на проектот:
Од 01.12.2021 до 31.05.2023, во период од 18 месеци
Проектот е финансиран од:
Eвропската Унија