07 Фев ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ОД РАНЛИВИ ГРУПИ
Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во рамки на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” има потреба од двајца (2) работници кои ќе работат 40 часа неделно (полно работно време), во временскиот период февруари/март 2023 – ноември/декември 2023 година.
Главна цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на нови и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот “Не оставај никој зад себе”,и има за цел да ги подобри оперативните капацитети и одржливост на веќе постоечките и новите социјални претпријатија и креира нови работни места за ранливите групи граѓани и лица со попреченост.
Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи граѓани (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени…). Имајќи ги предвид потребите и ограничувањата на ниво на целата земја, главните ограничувања во земјата се недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка помеѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.
Работниците се потребни за позиции:
- Двајца (2) асистенти за поддржано живеење/негователи за станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (во Велес)
Преземете ги документите од линкот
Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проектот за 10 месеци во временскиот период февруари/март 2023 – ноември/декември 2023 година.
Аплицирање
Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 15/02/2023 (среда) на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Поддршка на вработувањето на ранливите групи граѓани.
Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 17.02.2023. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.
Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирајте нe’ на info@ceprosard.org.mk.
Проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го приниципот- Не оставај никој зад себе” е финансиран од Европската Унија.
Период на имплементација на проектот 01.12.2021- 31.05.2023 година.