26 Сеп Експертскиот тим на ЗГ ЦеПроСАРД за потребите на Џуниор Ачивмент Македонија ја изработи Студијата за локален контекст за праведна транзиција во земјата
Џуниор Ачивмент Македонија ја објави Студијата за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена, како прва од овој тип во Македонија.
Студијата е изработена во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, фокусиран на праведната транзиција, заштитата на животната средина и зеленото претприемништво во С. Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија.
Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија, изрази искрена благодарност до авторите Ивана Петкановска и Елена Петкановска, како и здружението CeProSARD и нивната експертиза на темата.
Студијата може да ја погледнете на следниот линк – Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена