19 Авг ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со бизнис секторот од североисточниот плански регион на РСМ, преку обуки за заштита на животната средина
Posted at 16:52h
in Новости
ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со РЕ Услужни дејности во Друштво за градежништво, трговија и услуги „Козјак” АД Куманово, одржа теренска обука со цел подигнување на знаењето на вработените за водење грижа за животната средина.
Обуката се одржа на ден 19.08.2022 година во просториите на АД „Козјак” и тоа во подружницата Бетоњера – инсталација за производство на готова бетонска смеса и во подружница Каменолом Краста – инсталација за ископ на минерална суровина варовник.
Тематски подрачја кои беа обработени на обуката се следните:
- Можни извори на загадување на медиумите воздух, вода и почва;
- Начини на управување, мониторинг и превземање на мерки за намалување на влијанијата од тековните загадувања на медиумите воздух, вода и почва;
- Начинот на управување со комунален и опасен отпад;
- Можни извори на бучава и вибрации и мерки за заштита и нивно намалување;
- Состојба со постоечки биодиверзитет, мониториг и ревитализација.
Обуката е финансирана од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Козјак” АД Куманово.