23 Авг Оглас за вработување на 5 асистенти за живеење со поддршка во станбена единица за живеење со поддршка во заедницата во Градско (II)
Здружението на граѓани “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој”- ЦеПроСАРД, во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза од Шведска, во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба од пет (5) асистенти за живеење со поддршка / негователи за станбена единица за живеење со поддршка во заедницата кои ќе работат 40 работни часа неделно (полно работно време) во мала станбена единица каде живеат лица со интелектуална попреченост, започнувајки од септември 2022 година.
Согласно барањата за приватни даватели на социјална услуга во заедницата за живеење со поддршка од МТСП, лицето ќе биде вработено со полно работно време со покриено пензиско и здравствено осигурување од страна на Здружението за лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, а позицијата е финансирана во рамки на проектот за 4 месеци во временскиот период септември 2022 година – декември 2022 година.
По завршувањето на договорниот период за финансирање од страна на проектот, давателот на социјална услуга Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености (ЗЛЦПДП) Велес од Велес ќе извршат проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.
Аплицирање
Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 30/08/2022 на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Неговател – Градско или директно во канцеларијата на ЗГ ЦеПроСАРД (пон-петок 08:00-16:00).
Апликантите/Пријавените лица/Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 01/09/2022. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.
Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации и детали Ве молиме прочитајте на следниот документ: