24 Јун ПОВИК за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија
ПОВИК за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија.
Проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – „Не оставај никој зад себе” објавува ПОВИК за доделување грантови.
Целта на повикот е да поддржи ентитети кои делуваат на претприемачки начин, создават иновативни и неконвенционални решенија за тековните општествени предизвици, креираат вредност за општеството и за сите засегнати страни.
ПОСТАПКА И КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Крајниот рок за доставување на апликациите е 25 јули 2022, до 16.00 часот.
Апликациите треба да се доставуваат во електронска форма на адресата за пријавување. (https://bit.ly/3OeEdRG)
Деталните информации за повикот, заедно со потребните формулари што треба да се пополнат, може да се преземат во прилогот подолу.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЦЕЛОСНА АПЛИКАЦИЈА
(повлечете ги документите со кликнување на нивниот опис)
Повик за доделување грантови
Анекс 1: Формулар за аплицирање
Анекс 2: Формулар за буџет
Анекс 3: Список на референци на проекти реализирани во последните 3 години
Анекс 4: Изјава за двојно финансирање
Анекс 5: Листа на проверка
На следната врска можете да го погледнете снимениот видео запис од Информативната сесија: https://www.youtube.com/watch?v=JaICCEoRqlo
Воедно се извинуваме за лошиот квалитет на звукот во првите 13 минути од снимката.
На следната врска можете да го симнете документот со поставените прашања и дадените одговори за аплицирање на Отворениот повик:
https://m.ceprosard.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/Одговори-на-прашања.pdf