25 Мај ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со општина Струмица, за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив развој
На 23.05.2022 раководителот на одделение за ЛЕР при општина Струмица и претставниците од проектниот тим на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе”, одржаа работен состанок во просториите на општина Струмица.
На состанокот беа презентирани активностите на тековниот проект “Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – Не оставај никој зад себе”, како и начинот на поддршка на граѓанскиот или бизнис секторот во општина Струмица, кој преку соработката со општината претставува можност за социо-економски развој. Раководителот на одделение за ЛЕР при општина Струмица ги потенцираше активностите на општината и поддршката за развој на социјалните аспекти, како и упатување во позитивните практики на општината Струмица како што е првото Социјално Претприејатие “Извор”.
Проектот е финансиран од Европската Унија.