Оглас за ангажирање на стручно лице – физиотерапевт во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Велес

Оглас за ангажирање на стручно лице – физиотерапевт во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Велес

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска има потреба од еден (1) физиотерапевт во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во општина Велес, во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период февруари 2022 година – јануари 2023 година. По завршувањето на проектот, Здружението ЦеПроСАРД ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 09/02/2022 на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за физиотерапевт – Велес.

Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 11.02.2022. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации преземете го документот:

ToR – Физиотерапевт

СИТЕ НОВОСТИ