18 Дек Работна средба со претставници на МТСП по проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот не оставај никој зад себе”
Проектниот тим за имплементација на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот – Не оставај никој зад себе” на 17.12.2021 година оствари работна средба со престатвници на Министерството за труд и социјална политика преку онлајн платформата ЗООМ.
Целта на состанокот беше запознавање со проектните активности и цели во поглед на Поддршката на Социјалние Претпријатија на теритотија на РСМ. На состанокот се дискутираше за моменталната состојба на Социјалното Претприемништво во држата, правната регулатива и имплеметацијата на Стратегијата за Социјални Претпријатија. Исто така, во разговорот беше дискутирана и улогата на членовите на Насочувачкиот Комитет на проектот и начинот на кој тие можат да придонесат за успешна имплементација на проектните активности.
Период на имплементација: од 01.12.2021- 31.05.2023 во времетраење од 18 месеци.
Проектот е финансиран од:
Eвропска Унија.