10 Дек ЗГ ЦеПроСАРД ги претстави проектите „Заедно за Повеќе Можности и Поддршка” – ТИМОР и „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” на Градоначалникот на Општина Карпош
На 07.12.2021, претставници на ЦеПроСАРД остварија работна средба со градоначалникот на Општина Карпош – г-н. Стевче Јакимовски.
Во текот на средбата, на Градоначалникот му беа презентирани активностите на ЦеПроСАРД во два проекти:
– Заедно за Повеќе Можности и Поддршка – ТИМОР, и
– Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе
беше дискутиран најдобриот начин за контакт на чинители кои би дале придонес за реализација на предвидените проектни активности.
Градоначалникот го сподели своето видување околу проблемот со спроведувањето на процесот на деинституционализацијата на лицата со попреченост од резиденцијални институции во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иноватини социјални услуги, како во неговата општина, така и на територијата на државата.
Исто така изрази интерес за натамошни контакти со цел да се поддржи развојот на новите и постоечките социјални претпријатија за да се зајакне нивната економска независност со следење на принципот – не оставај никој зад себе, со цел да се подобрат оперативните капацитети и одржливоста на постојните и новите социјални претпријатија и создавање на нови работни места за ранливи лица и лица со попреченост.
Проектите се финансирани од:
Eвропска Унија