03 Дек Повик за ангажирање на дизајнер за визуелен идентитет – декември 2021
ЦеПроСАРД во рамките на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – дизајнер за изработка на ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ПРОЕКТ.
Целта на овој повик е подготовка на материјали за Визуелен Идентитет на проектот:
– Дизајн на лого на проектот
– Подготовка на темплејт документи
– Палета на бои
Апликантите треба да имаат најмалку 5 години искуство во графички дизајн. Предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија.
Здружението “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.
Во декември 2021 година започнавмe со имплементација на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе”. Времетраењето на проектот е 18 месеци.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk или во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД – Aдреса: ул. “1550“ бр. 8a Визбегово; 1000 Скопје
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 10 декември 2021 година, 15:00 часот.
Превземете документи на линкот подолу:
https://bit.ly/31pfgjm