Почитувани,
ЦеПроСАРД, како обучувач реизбран за спроведување Обуки за енергетски контролори како и за Обуки за усовршување на енергетски контролори (Решение бр. 03-12/8 од 01.02.2017г.) организира
ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ во СКОПЈЕ, НОЕМВРИ 2017 *
Обуката се спроведува во согласност со Законот за енергетика и Програмата за обука на енергетски контролори утврдена со Правилникот за енергетска контрола.
Лицата кои сакаат да ја посетуваат обуката за енергетски контролор треба да ги исполнуваат следните услови:
1. да имаат најмалку високо образование во областа на градежништвото, архитектурата, машинството или електроенергетика (диплома за завршено високо образование VII/1 или диплома согласно со Болоњската декларација најмалку со 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС));
2. да имаат најмалку 5 години работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежни објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги или работа на стручни или научни дејности од областа на енергетиката.
Ги покануваме заинтересираните кандидати да се пријават со доставување на:
• Пополнет пријавен лист (преземете тука)
• Копија од диплома за завршено соодветно образование согласно критериумите наведени во точка 2
*Повикот е отворен до формирање група, по што ќе се одреди точниот датум на обуката.
Доказ за уплата се доствува најдоцна 2 дена пред датумот на отпочнување со обуката.
Примери за пополнета уплатница за физички лица можете да преземете тука, а за правни лица тука
Документите се доставуваат на e-mail: info@ceprosard.org.mk, по пошта или во канцеларијата на ЦеПроСАРД.
Времетраењето на обуката е 90 часа. Од нив за теоретска настава ќе се посветат 63 часови, а за практична работа ќе се посветат 27 часови.
Времетраење на еден час е 45 минути.
Максималниот број на часови што би се реализирале во рамките на еден ден е 8, додека во рамките на една седмица е 24.
Времетраењето на една обука која ги вклучува и теоретската настава и практичниата работа нема да биде пократко од 60 и подолго од 90 дена.
Деталниот распоред ќе биде објавен на веб страната на ЦеПроСАРД пред почетокот на обуката.
За повеќе информации ве молиме обратете се на:
info@ceprosard.org.mk
Т. +389 2 3061 391, или
во просториите на ЦепроСАРД
на ул. “1550“ бр. 8a Визбегово, Скопје