Дигитално решение за поддршка на лицата со попреченост како резултат на соработката на ЦеПроСАРД со GDi Скопје, презентирано на GDI Skopje Solutions Day 2021

Дигитално решение за поддршка на лицата со попреченост како резултат на соработката на ЦеПроСАРД со GDi Скопје, презентирано на GDI Skopje Solutions Day 2021

На овогодинешниот GDi Skopje Solutions Day 2021 кој се оджа онлајн на 28 септември, беше презентирано дигитално решение за поддршка на лицата со попреченост кое има за цел да се подобри достапноста до услугите во секојдневниот живот за оваа ранлива група.
Ова решение произлезе како резултат на соработката помеѓу ЦеПроСАРД и GDi Скопје, а врз основа на искуствата на нашата организација од досегашната имплементација на проектот „Заедно за повеќе можност и поддршка – ТИМОР“.

Темата на конференцијата – THINK & Act Now е инспирирана од неопходноста за креирање на одржлива иднина преку користење на напредни технологии, знаење и креативност.

Нашата организација со своето делување веќе 13 години ја поддржува имплементацијата на Агендата 2030 за одржлив развој и е активно приклучена на глобалните напори за справување со климатски предизвици. При тоа во нашите активности сме посветени на праведна инклузија на ранливите групи во сите сегменти на општеството.

Во духот на овие наши определби, предложеното дигитално решение промовира одржлива и инклузивна транзиција на општеството во кое никој нема да биде изоставен, согласно универзалниот принцип на ОН (Leave no one behind).

Линк до видео.

 

 

СИТЕ НОВОСТИ