08 Јун Започнати теренски активности за адаптација на првата едиица за живеење со поддршка во Велес во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР
Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР, сопствениците на куќата која ќе стане нов дом за поддржано живеење во Велес, во блиска соработка со проектниот тим и идниот давател на социјална услуга за живеење со поддршка на лица со попреченост во заедницата – „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености” -(ЗЛЦПДП) од Велес, согласно законските регулативи и правилници започнаа со активности за адаптација на домот кој од незавидна состојба ќе биде трансформиран во комфорен и соодветно реконструиран дом на 5 лица со попреченост кои ќе го напуштат Специјалниот Завод Демир Капија.
Г-ѓа Далиборка Златва – директор на ЗЛЦПДП-Велес ќе биде координатор на активностите за функционално воспоставување на првата стамбена единици за живеење со поддршка во Општина Велес.
Во рамки на проектот е предвидено формирање на 10 нови станбени единици за живеење со поддршка, кои ќе бидат нов дом за 50 лица од Специјалниот Завод Демир Капија.
Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска.
Проектот е финансиран од Eвропската Унија.
Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.