12 Мај ВТОРА ОБУКА ЗА ПАМЕТНО РУРАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО за лица од Пелагонискиот плански регион во среда, 12 мај
Ги покануваме сите заинтересирани лица од Пелагонискиот плански регион да учествуваат на бесплатните работилници за паметно рурално претприемништво кои се организираат во рамки на проектот SmartRural.
На 12 мај 2021 (среда), со почеток од 10,30 – 13,00 часот преку платформата ZOOM ќе се одржи втората од планираните четири работилници.
Ќе зборуваме за Трендови и нови рурални бизнис можности.
Тематски области кои се опфатени со работилниците:
• Вовед во политиките на паметно рурално претприемништво
• Трендови и нови рурални бизнис можности
• Паметно рурално претприемништво за паметен рурален развој
• SmartRural бизнис модел и неговите алатки
Работилниците ги организира ЦеПроСАРД. За дополнителни информации обратете се на: info@ceprosard.org.mk, 02 3061 391
Проектот SmartRural се спорведува во рамки на програмата INTERREG Balkan-Mediterranean и е ко-финансиран од ЕУ и националните фондови на земјите учеснички.