09 Дек Промоција на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ по повод 3ти Декември – Интернационален ден на лицата со попреченост на националната телевизија Сител
Posted at 09:06h
in Новости
По повод 3ти Декември – Интернационален ден на лицата со попреченост, проектниот менаџер на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ гостуваше во емисијата Ја сакам Македонија на телевизија Сител каде се зборуваше за условите на лицата со попреченост, процесот на деинституционализација и целите на проектот за раселување на корисниците од СЗ Демир Капија и потребата за нивна интеграција и прифаќање во општествениот живот како рамноправни граѓани на заедницата.
Во прилог можете да го погледнете инсертот од гостувањето.
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска