Дел од тимот на ЦеПроСАРД учествување на презентирање на платформата “Регистар на Б – интегрирани еколошки дозволи издадени од општините во Република Северна Македонија

Дел од тимот на ЦеПроСАРД учествување на презентирање на платформата “Регистар на Б – интегрирани еколошки дозволи издадени од општините во Република Северна Македонија

Настанот е организиран во рамките на подгрантот “Национална онлајн платформа за Б интегрирани еколошки дозволи“ спроведуван од страна на Здружението ЦЕЛОР, како дел од проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година, и се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма.

На ова работилница беше претставена платформата и начинот на нејзиното функционирање. Предвидено е да се додели кориснички профил на секоја општина за понатамошно ажурирање и надградување на платформата со информации поврзани со процесот на издавање на Б интегрирани еколошки дозволи од страна на единиците за локална самоуправа и овозможување на пристапот до информации од областа на животната средина согласно Архуската Конвенција и Законот за животна средина.

СИТЕ НОВОСТИ