ЗГ ЦеПроСАРД, дел од локалната работна група на проектот “Да го направиме греењето и ладењето за европските потрошувачи ефикасно, економски прифатливо, чисто и климатски прифатливо” – REPLACE, втор состанок

Вториот состанок на работната група за КАГоП регионот во рамките на проектот REPLACE беше организиран на 20ти ноември од страна на SDEWES-Скопје. Состанокот се одржа преку ZOOM платформата со цел презентација на минатите и идните активностите на проектот, како и да се одреди кои кампањи за замена ќе се спроведуваат во нашиот целен регион.

Во работната група покрај организаторот ЗГ SDEWES Скопје, со свои претставници вклучени се граѓанските организации ЗГ ЦеПроСАРД , ЗГ Хабитат и ЗГ ЗЛЕК и претставници од општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром, како и претставник од ФЕИТ. Локалната работна група има клучна улога во имплентацијата на сите активности на терен и во промоција на тековни и идни настани.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на ЕУ, преку Програмата “Хоризонт 2020”

СИТЕ НОВОСТИ