ЦеПроСАРД продолжува со Програма за обука за услужување на туристите како активност од проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

ЦеПроСАРД продолжува со Програма за обука за услужување на туристите како активност од проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

На 26.10.2020, започна вториот дел од обуката преку ZOOM платформата, наменета за учесниците на македонски јазик кои ќе бидат вработени во СТИК, и ќе трае до 30.10.2020.

Програмата и распоредот за обука се дизајнирани од ангажираниот деловен аналитичар за вработените во СТИК – од секоја страна на границата – како продолжување на претходната обука „Обука за психологија на потрошувачите и маркетинг на социјални медиуми“.

Оваа обука треба обезбеди увид во „недостатоците“ во услужувањето на туристите, кои можат да произлезат од недостаток на човечко знаење – т.е. вработен во TIC – за дадени туристички локации (на пр. некое историско место), недостаток на информации (на пр. туристичката локација никогаш не бил евидентирана и лоцирана), недостаток на знаење за интеракција ( пр. љубезно одговарање) и други слични причини. Процесот на создавање генерички деловни процеси ќе ги идентификува сите овие недостатоци и ќе обезбеди деловни процеси кои соодветно ги решаваат овие проблеми.

Обуката ќе обезбеди:
Усвојување на нови, генерички деловни процеси во секојдневната работа при услужување на туристи и собирање на податоци од туристите, користење на СТИК платформата, запознавање на туристичките локации во прекуграничниот регион, како и познавање од психологијата на услуги на потрошувачи.

Партнери во проектот се:

  • Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
  • Општина Тетово
  • Regional Development Agency South, Косово

Донатор:
Европска Унија

СИТЕ НОВОСТИ