16 Окт Обука на асистенти за поддржано живеење за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата
На 26 и 30 октомври ќе се одржат еднодневни обуки за едукација на асистенти за поддржано живеење. Обуките се во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“ и се бесплатни.
Обуките ќе бидат организирани со физичко присуство на пријавените лица во Скопје. Бројот на учесници на обуките е ограничен. На обуките ќе бидат поделени логистички материјали и “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата“.
Предавачи на обуките се – дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова.
Теми кои ќе бидат разработени се:
- Oрганизација на работно место и документација на работата,
- Здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка,
- Современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка,
- Поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности,
- Поддршка на корисникот во грижа за домот и околината,
- Поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и
- Користење на услуги во заедницата и самозастапување.
По завршување на до-обуката асистентите ќе добијат сертификат за учество. Лицата кои посетувале обуки за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата ќе имаат предност во вработувањата како асистенти за поддржано живеење во малите групни домови формирани во рамките на проектот ТИМОР.
За следење на обуката може да се пријавите преку електронска пошта: info@ceprosard.org.mk; marija.mojsovska@ceprosard.org.mk и на iskrakacarska@gmail.com
или на телефоните: 02 3061 391 и 070 606 020 лица за контакт Марија Мојсовска и Искра Кацарска.
За дополнителни детали за одржување на обуките како времето и местото на одржувањето, пријавените кандидати ќе бидат известени.
Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска
Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.