ЗГ ЦеПроСАРД продолжува со имплементацијата на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“ во Република Косово

ЗГ ЦеПроСАРД продолжува со имплементацијата на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“ во Република Косово

На 30.09.2020 извршено е поставување на Туристички Инфо Центар во Превала, од страна на нашиот партнер Regional Development Agency South – RDA South, од Призрен, Косово.

Туристичкиот инфо центар е изработен во согласност со активностите на проектот „Fostering rural and environmental tourism through SMART tourist information centres FRET-STIC”. Проектот е кофинансиран од Европската унија, во согласност со правилата на Програмата за прекугранична соработка Косово – Република С. Македонија кој се имплементира од страна на ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД Скопје како лидер апликант и Општина Тетово од страна на Република С. Македонија и Regional Development Agency South – RDA South, од Призрен, Косово.

Партнери во проектот се:

  • Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
  • Општина Тетово
  • Regional Development Agency South, Косово

Донатор:
Европска Унија

СИТЕ НОВОСТИ