Работна посета на СИ Демир Капија за потребите на изработка на Анализата на моментална состојба – Проект “Заедно за повеќе можности и поддршка“ -ТИМОР

Работна посета на СИ Демир Капија за потребите на изработка на Анализата на моментална состојба – Проект “Заедно за повеќе можности и поддршка“ -ТИМОР

На 02.09.2020 дел од проектниот тим на проектот ‘’Заедно за повеќе можности и поддршка’’ – ТИМОР, заедно со ангажираните експерти за изработка на Анализа на моментална состојба на Специјалниот Институт Демир Капија, беа во работна посета со цел увид во целосната состојба, обработка на потребните податоци за истата и состанок со претставници од Специјалниот Институт за понатамошниот тек на активноста.

Со почитување на мерките за заштита и превенција на Ковид-19 вирусот, беше извршен увидот во моменталната состојба во СИ Демир Капија, беа извршени разговори со вработените од заводот, разгледување на потребната документација и увид на институционалните капацитети.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:

• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ