Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”, во Демир Капија се одржа првата од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”, во Демир Капија се одржа првата од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата

На 23.09.2020 год. во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”, во Демир Капија се одржа првата од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, почитувајки ги сите пропишан мерките и протоколи.

Обуката се спроведува следејки го изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата” од страна на стручните консултанти – дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.

На обукте се опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:

  • Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
  • Специјален Завод “Демир Капија“;
  • Општина Демир Капија и
  • Фондација Лоза од Шведска.

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ