База на податоци за онлајн мониторинг, по проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

База на податоци за онлајн мониторинг, по проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“

На 23.04.2020 преку апликацијата Скајп, координаторот за мониторинг и обуки од Градење на прекугранични институции плус (CBIB+ III) – Денис Слатина, претставникот на Здружениот технички секретаријат – Берат Лимани, и претставникот од ЗГ ЦеПроСАРД – Александар Авросиевски, одржаа работен состанок по проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“. За време на состанокот беа дискутирани и модифицирани вредностите на целите и индикаторите за последниот квартален извештај за 2019-та година.

Партнери во проектот се:

  • Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
  • Општина Тетово
  • Regional Development Agency South, Косово

Времетраење на проектот:
15 мај 2018 – 14 мај 2020

Донатор:
Европска Унија

СИТЕ НОВОСТИ