ЦеПроСАРД со свој допринос кон намалување на влијанијата од климатските промени – реконструкција и доградба на пат во населено место Попова Шапка

ЦеПроСАРД со свој допринос кон намалување на влијанијата од климатските промени – реконструкција и доградба на пат во населено место Попова Шапка

Тимот на ЦеПроСАРД ја подготви потребната документација во делот на заштитата на животната средина за реконструкција и доградба на општински пат во населено место Попова Шапка во општина Тетово. Со тоа ЗГ ЦеПроСАРД, даде свој допринос за намалување на влијанијата од климатските промени.

Подобрувањето на инфраструктурните линиски градби како што е реконструкцијата коловозот и изградбата на атмосферската канализација на патот, ќе овозможат развој на туризмот во општината. Општина Тетово прави напори за реконструкција на коловозите, изградба на тротоари, поставување на атмосферска канализација и јавно осветлување на сите патни правци кои се во нејзина надлежност.

Имајќи го во предвид очекуваниот пораст на бројот на возила кои ќе ја користат улицата, поради подобрените услови на патот, ќе се подобри протокот на сообраќај, ќе се намали задржувањето на возилата, а со тоа ќе се намалат емисиите во воздухот.

СИТЕ НОВОСТИ