Средба со директорот на средното електротехничко училиште Михајло Пупин за имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух”

Средба со директорот на средното електротехничко училиште Михајло Пупин за имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух”

На 28 февруари 2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”, реализираше средба со директорот г-дин Димитар Ѓорѓиев, директор на средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин”.

Г-дин Димитар Ѓорѓиев, изрази спремност за соработка со ЗГ ЦеПроСАРД и даде иницијатива за соработка при едукација на учениците во делот на подобрување на енергетската ефикасност и воведување на обновливи извори на енергија, со цел подобрување на состојбата со аерозагадувањето во градот Скопје. Воедно директорот се сложи дека организирањето на заеднички настан на крајот на месец март по повод денот на пролетта и екологијата со средните училишта СГУ “Здравко Цветковски” и СОУ “Шаиб Јусуф” со натпреварувачки карактер може да биде од интерес на сите учесници. Овој настан ќе го носи името на проектот “Чиста енергија за чист воздух” и ќе биде посветен на подобрувањето на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија во домаќинствата.

Проектот се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Р. Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

СИТЕ НОВОСТИ