Oдржани средби со средните училишта во Скопскиот плански регион за имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух”

Oдржани средби со средните училишта во Скопскиот плански регион за имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух”

Во првата половина на месец февруари 2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”, реализираше средби со директори од средните училишта во таргетираните општини од Скопскиот Плански Регион.

Директорката на СГГУ “Здравко Цветковски” г-ѓа Атина Томовска и г-дин Доан Сулејманоски, директор на средното општинско училиште СОУ “Шаип Јусуф” изразија подготвеност и желба за соработка и иницијатива за организирање на заеднички настан на крајот на месец март. Овои активности проактивно ќе ги вклучат учениците од училиштата и ќе биде посветени на подобрувањето на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија во домаќинствата.

Проектот се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Р. Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

СИТЕ НОВОСТИ