Одржани првите иницијални состаноци во општина Демир Капија и Специјалниот Завод Демир Капија во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

Одржани првите иницијални состаноци во општина Демир Капија и Специјалниот Завод Демир Капија во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

ЗГ ЦеПроСАРД, заедно со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, Специјалниот Завод ‘’Демир Капија‘‘, Општина Демир Капија и Фондација Лоза од Шведска како ко-апликанти, од јануари 2020 година започна со имплементација на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ / “Together for introduction of more opportunities and respect (TIMOR)”.

На 27.01.2020 година, проектниот тим одржа две иницијални средби – во просториите на општината со градоначалникот на општина Демир Капија, како и со претставници од СЗ Демир Капија на кои детално ги информираше за проектните активности, временската рамка и планот за спроведување на истите, како и одговорностите и обврските на општината и СЗ Демир Капија при спроведувањето на истите и потребата за активна комуникација и соработка во текот на целиот проект, со цел навремено и квалитетно исполнување на поставените проектни цели.

Цел на проектот кој е во времетраење од 36 месеци е деинституционализација на лицата со попреченост кои живеат во резиденцијални институции во единици за поддржано живеење, со цел да се оформат нови социјални услуги на зедницата како групни домови и да се развијат и имплементираат нови иновативни начини на давање на специјализирани социјални услуги засновани на вклученоста на корисниците, преку соработка и проактивен пристап, што ќе придонесе за нивно активно вклучување во заедницата и зголемување на јавната свест за прифаќање на лицата со попреченост. Проектот е финансиран од Европска Унија.

СИТЕ НОВОСТИ