Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки во две рурални населени места во општина Струмица со средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура

Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки во две рурални населени места во општина Струмица со средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура

Заради изработка на документ за оценка на проектот “Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки” во две рурални населени места во општина Струмица, на 30.11.2017 година претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ангажирани од МСИП проектот при Министерството за Финанси ја посетија општина Струмица. Беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината г-дин Коста Јаневски, членови на општинскиот совет, граѓани од населените места Куклиш и Муртино и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на реалните потреби од адаптација на општински објекти во градинки во руралните населени места Куклиш и Муртино. По интервјуата направени со фокус групите, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба. Адаптацијата на постоечките општински објекти во градинки на локации во непосредна близина на постоечки основни училишта овозможува функционално решавање на просторот и згрижување на 70 деца. Ова е најбрзиот начин да се обезбедат квалитетни објекти со подобрена топлинска и хидро изолација и структура на организациони единици за згрижување на децата од 2 до 6 години. Во исто време, адаптацијата на постоечките објекти со користење на мерки за топлинска изолација е во согласност со стратешката определба за енергетска ефикасност на општина Струмица.

Целокупната организација на средбата беше реализирана преку соработката на тимот на ЦеПроСАРД со г-дин Панче Беџовски од Секторот за Локален Економски развој од општината. Дел од сретствата за реализација на проектот ќе се обезбедат од компонентата инвестициски грантови од ИПА од страна на ЕУ, преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги. Останатиот дел од сретствата за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во руралните населени места Куклиш и Муртино, Општина Струмица ќе ги обезбедени од буџетот на општината.

http://www.strumica.gov.mk/index.php/mk/34-2010-09-02-08-32-47/2010-09-02-08-37-56/4054-so-sredstva-od-eu-ipa-grantot-za-ruralna-infrastruktura-kje-se-adaptiraat-postoechki-objekti-vo-gradinki-vo-murtino-i-kuklish

СИТЕ НОВОСТИ