Зајакнување на јавното приватно партнерство преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ) за одржлив рурален развој

Зајакнување на јавното приватно партнерство преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ) за одржлив рурален развој

ЦеПроСАРД од 19.12.2017 година, започна со спроведување на проектот Билдлаг, кој е финансиран од Европска Унија. Во рамки на проектот ќе се работи на градење на капацитети и формирање на нови Локални Акциски Групи (ЛАГ) што е во согласност со процесите на интеграција во ЕУ. Цел на проектот е да го зајакне јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијациите и локалните власти и на тој начин да овозможи одржлив рурален развој. Целна група на проектот се невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти во Полошкиот Плански Регион.

Вклучувањето на сите засегнати чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.

Крајни корисници на проектот се македонските рурални невладини организации, националните и локални власти, руралните заедници и руралните жители.

Специфични цели на проектот се:
• Да се зголеми знаењето и да се зајакнат капацитетите на граѓанското општество и локалните власти за одржливо функционирање на ЛАГ преку пренесување на искуството и најдобрите практики на ЕУ.
• Да се воспостави функционално партнерство меѓу граѓанското општество и локалните власти во ново формиран ЛАГ.
• Да се обезбедат препораки за политики за промовирање на ЛАГ и придобивките од здружување во нив.
• Да се подигне јавната свест за предностите на формирање на ЛАГ и да се промовираат европските практики и интегрирана политика на ЕУ.

СИТЕ НОВОСТИ