Повик за ангажирање дизајнер за развој на визуелен идентитет на проект

Повик за ангажирање дизајнер за развој на визуелен идентитет на проект

ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ поддржан од UNDP објавува повик за ангажирање
ДИЗАЈНЕР ЗА РАЗВОЈ НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ПРОЕКТОТ

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на заштитата на животната средина.

Во Мај 2018 започна имплементацијата на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ кој е со времетраење од 15 месеци.

ЦеПроСАРД бара креативнo и одговорно лице, искусно во областа на графичкиот дизајн, кое за потребите на овој проект ќе развие визуелен идентитет на проектот.

Апликантите треба да имаат најмалку 5 години искуство во графички дизајн. Заради специфичните правила за видливост, предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија или организации на UN.

Заинтересираните лица ги замолуваме да достават CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk или во канцеларијата на ЦеПроСАРД.

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: ivana.petkanovska@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 8 јуни 2018 година.

СИТЕ НОВОСТИ