30 Мај Локалните акциски групи (ЛАГ) ќе добијат 10 милиони денари поддршка од државата
Регистрираните 13 локални акциски групи во Република Македонија денеска (30.05.2018) официјално ги добија решенијата од Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Локалните акциски групи се вид јавно приватно-партнерство во кое се вклучени земјоделци, земјоделски здруженија, деловни субјекти и општини. Овој модел на заедничко функционирање овозможува висок степен на демократија и учество во реализирање на приоритетите, пред се, на поединците од соодветните подрачја каде што е формиран ЛАГ-от.
Според Министерството за земјоделство, во Македонија би можеле да се формираат околу 20 ЛАГ-ови. Земјава уште нема добиено акредитација од ЕУ за повлекување средства наменети за Локалните акциски групи, но процедурата, како што информира министерот, е во тек. Се очекува од 2020 година да имаме целосен пристап до фондовите преку ИПАРД програмата.