Координативен состанок во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“

Координативен состанок во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“

На 22 јуни 2018 година, се одржа координативен состанок во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ на кој присуствуваше г-а Ивана Петкановска – Проектен лидер од ЦеПроСАРД, директорот на Националниот парк „Пелистер“, г-н Амет Аџиу и г-а Виолета Сотировска – претставник од Паркот директно вклучен во реализацијата на проектните активности.

На состанокот беше направен преглед на досегашните активности на проектниот тим, активностите кои ќе се имплементираат во предвидените 15 месеци како и планираната динамика на спроведување.

Претставниците на паркот изразија целосна подготвеност да дадат техничка и логистичка поддршка за успешно реализирање на теренските активности кои опфаќаат мониторинг на крупни месојади, обележување на две планински велосипедски патеки, при собирање и обработка на податоци за промотивните материјали, како и при изработката на физибилити студијата за користење на водите како еко системска услуга во НП Пелистер.

Овој состанок му претходеше на уште еден настан организиран во Инфо центарот на НП Пелистер истиот ден, односно Стручната расправа по Просторен план на Националниот парк Пелистер – Нацрт план и Јавна расправа по Извештај од спроведена Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина од спроведувањето на Просторен план на Националниот парк Пелистер (нацрт-извештај).

СИТЕ НОВОСТИ