ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектот “Реконструкција на локален пат и градежни објекти мостови” во oпштина Илинден

ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектот “Реконструкција на локален пат и градежни објекти мостови” во oпштина Илинден

Заради изработка на документ за оценка на проектот за “Реконструкција на локален пат и градежни објекти мостови” на 21.06.2018 година претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ја посетија општина Илинден. ЦеПроСАРД е ангажирана организација за техничка помош од МСИП проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за Финанси.

Во текот на посетата беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината м-р Жика Стојановски, членови на општинскиот совет, граѓани од населените места во општината и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на реалните потреби од реализација на проектот во општина Илинден. По интервјуто направено со градоначалникот и граѓаните активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба. Потоа следеа активностите со фокус групите составени од членовите на Советот во општината.

Проектот ќе се финансираат со заем од Меѓународната банка за инвестиции и развој (Светска банка), преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги.

СИТЕ НОВОСТИ