Tимот на ЦеПроСАРД оствари средбa со претставници на одделението за Локален Економски Развој во општина Тетово во рамки на проектот “BUILDLAG“

Tимот на ЦеПроСАРД оствари средбa со претставници на одделението за Локален Економски Развој во општина Тетово во рамки на проектот “BUILDLAG“

Во Рамки на проектот “BUILDLAG“, тимот на ЦеПроСАРД реализираше средба со претставници на одделението за Локален економски развој на општина Тетово на 03.07.2018 година.

Средбата беше реализирана со цел формирање на нова локална акциска група ЛАГ во согласност со законодавната регулатива во земјата. На средбата беа презентирани активностиоте кои ги имплементира ЗГ ЦеПроСАРД и партнерските организации асоцијацијата на млади фармери Асаха Гранада од Шпанија и Локална Акциска Група Уна од Хрватска.

Целта е да биде формирана локална акциска група ЛАГ помеѓу општина Тетово, Желино и делови од Брвеница. Реализацијата на проектот ќе овозможи одржлив рурален развој во регионот и пошироко.

Времетраење на проектот е 18 месеци.
Партнери во проектот се Локална Акциска Група Уна од Хрватска и асоцијацијата на млади фармери Асаха Гранада од Шпанија
Проектот е финансиран од Европска Унија.

СИТЕ НОВОСТИ